Menu

Венеција и Милано за Велигден

цена од

159

EUR

сега од

139

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
02.05.2024
06.05.2024
Автобус
Хотел

Ако сакате убав викенд исполнет со посета на многу уникатни европски гратчиња, тогаш јавете се во ЕТА, затоа што ЕТА овојпат ве води во Италија. Датумот е веќе потврден, одиме да ја истражуваме Италија за Велигденските празници

Ќе ги посетиме Венеција, градот Милано и секако ќе направиме шопинг во Noventa di Piave Designer Outlet, а ќе пиеме кафе во Трст.

Што е вклучено во цената

2 ноќевања во хотел со 3* со појадок

Автобуски превоз од Скопје

Посета на Трст и Noventa di Piave Designer Outlet

Лиценциран придружник

 

Што не е вклучено во цената

Патничко осигурување

Туристичка такса за влез во Венеција – 5 евра по лице (се плаќа во агенција)

Задолжителна посета на Венеција со брод и локален водич – 25е

Факултативна посета на Милано со локален водич – 55е

Туристичка такса (околу 5 евра се плаќа на рецепција во хотелот)

Индивидуални трошоци (влезници за музеите)

План и програма

ПРВ ДЕН (02.05.2024) Четврток

Местото на собир на групата на паркингот кај хотел Русија во 16.30 часот. Поаѓање за Италија во 17.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.

ВТОР ДЕН (03.05.2024) Петок

Пристигнување во утринските часови во Трст. Слободно време за индивидуална прошетка (околу 2 часа) низ центарот на Трст, плоштадот Piazza Unità d’Italia, античкиот театар, катедралата на Сан Густо, паркот направен во чест на паднатите борци, српската црква св. Спиридон… Во договореното време, поаѓање кон Лидо ди Јесоло, со попатна посета на познатиот шопинг центар Noventa di Piave Designer Outlet (околу 2 часа), кој е познат по ниските цени за сите познати дизајнерски брендови. Продолжување кон Лидо ди Јесоло и сместување во хотел. Слободно време за ноќна прошетка низ Лидо ди Јесоло. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН (04.05.2024) Сабота

По појадокот во хотел групата се упатува на целодневна факултативна екскурзија во Милано… Замокот Sforzesco, Arco de la Pace, паркот Sempione, населбата Brera, познатата опера Scala di Milano, галеријата Vittorio Emanuele II, и се разбира познатата миланска катедрала, Il Duomo di Milano. По разгледот на градот со локалниот водич, слободно време за индивидуална прошетка низ градот на модата, можност да пробате некој од локалните специјалитети, како што се миланското рижото, познатото џелато, панцерота, тестенини или пица во големиот број ресторани сместени во преубавиот центар на градот. Во попладневните часови поаѓање назад кон Лидо ди Јесоло. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН (05.05.2024) Недела

По појадок во хотелот, одјавување и поаѓање кон Пунта Сабиони, пристаништето каде со брод се упатуваме кон безвременскиот град на вода, Венеција. Плоштадот Сан Марко, Дуждевата палата, каналот Гранде, мостот Риалто…. Слободно време за индивидуална прошетка. Во договорено време, од пристаништето во Венеција, се упатуваме кон Пунта Сабиони. Поаѓање кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска, Србија со попатни паузи за одмор и обавување царински формалности.

ПЕТТИ ДЕН (06.05.2024) Понеделник

Пристигнување во Македонија околу 13 часот.

Сместување

Сместувањето е во хотел со 3 ѕвезди на база ноќевање со појадок во туристичкото место Лидо Ди Јесоло.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

За реализација на овој аранжман се потребни минимум 50 патници.

Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци

Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.

Резервации за одреден кат или страна не е можна.

Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.

Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.

Доплата за еднокреветна соба 40 евра

Доплата за дете до 11.99 години – 129 евра

Трансфер од Битола, Прилеп и Гевгелија – 10 еур по лице (во правец)

Трансфер од Штип, Неготино, Кавадарци, Велес – 5 еур по лице (во правец)

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Милано

Цена за пакет: 55е

Милано, главниот град на регионот Ломбардија, градот на модата, финансискиот центар на северниот дел на Италија. Градот во кој се спојуваат минатото и сегашноста, градот кој ги има фасцинирано најголемите уметници низ историјата. Замокот Sforzesco, домот на фамилијата Sforza, едно од најмоќните фамилии низ историјата кои владееле со регионот Ломбардија. Во овој замок, Leonardo da Vinci ги поминал последните години од неговиот живот, каде што остварил неколку преубави уметнички дела, а едно од најпознатите е Последната Вечера. Arco de la Pace, паркот Sempione, населбата Brera, познатата опера Scala di Milano, галеријата Vittorio Emanuele II, и се разбира познатата миланска катедрала, Il Duomo di Milano се уште неколку познати места кои ќе ги посетиме и ќе уживаме во нивната убавина.

Венеција (задолжителна факултатива)

Цена за пакет: 25е

Венеција, кралицата на Јадранското море, единствениот град на вода. Центар на República de Venecia, низ историјата една од најмоќните републики на брегот на Јадранското море. Градот кој е инспирација на многу уметници, писатели, градот кој ја поттикнува љубовта. Плоштадот Сан Марко, каналите на градот кои можете да ги пловите со Гондола, мостот Риалто со каналот Гранде, мостот на Воздишките, големиот број на плоштади, ресторани кафулиња ќе ве освојат со невната убавина и ќе ве натераат повторно и повторно да се враќате…

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања