Menu

Истанбул за „Денот на вљубените“

цена од

89

EUR

сега од

79

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:

За најромантичниот викенд во месец февруари, нашата агенција организира уште поромантично патување во Истанбул. Градот на двата континенти, музиката, храната и уметноста. Градот кој никогаш не спие.

Изненадете го вашиот партнер или партнерка со аранжман за патување. Резервирајте место за двајца, без тој или таа да знае, а ние ќе ви подготвиме романтичен ваучер подарок кој ќе им го подарите лично вие.

Повеќе информации на 071 227 847 или 071 227 837.

Дестинација која се покажа како ексклузивна приказна на нашата агенција е Истанбул. Ние го нарекуваме „Магичниот Истанбул“ затоа што може да направи среќни и задоволни многу патници, а притоа да заштеди на сечиј џеб.

Истанбул е дестинација која е недалеку од Македонија, а која вреди да се доживее. Град на два континенти, преку 20 милиони жители, историја, уметност, храна и многу приказни.

Дали сте знаеле дека ние како агенција веќе пет години ги испишуваме најубавите приказни покрај Босфорот? Дали знаете дека имаме постигнато два рекорди како Македонска агенција, од кои рекодниот број на македонци на приватен брод на Босфор за дочек на Нова Година.

Што ви говори ова? Ова кажува дека доколку се одлучите да патувате со нас, Вие ќе бидете во сигурни раце.

Тим кој постојано расте и се шири. Од туристички придружници кои се постојано покрај своите групи, па се до локални туристички водичи кои знаат како да Ве запознаат со величествениот град.

Тоа сме ние, Ескејп и Истанбул. Приказна која постојано се испишува.

Што е вклучено во цената

Две ноќевања во хотел со 3* со појадок
Автобуски превоз
Лиценциран придружник
Лиценциран туристички водич
Посета на Капали Чаршија
Tуристичка такса
Посета на турската продавница „Коска“
Шопинг во 212 центарот
PCR тест за враќање (За патниците без вакцина)

Што не е вклучено во цената

Патничко осигурување
Факултативи излети
Индивидуални трошоци
ПЦР тест за поаѓање (се вадат индивидуално)

План и програма

ПРВ ДЕН (ЧЕТВРТОК) -10.02.2022

Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедност при патувањето. Турата стартува од паркингот на Вип Хотел околу 15:00 часот од Скопје.  Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три денови. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во врска со точното време и место на поаѓање. Седиштата во автобусот се нумерирани. Бројот на седиште зависи од времето на уплаќање на аранжманот и се одредува според тоа,  доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат (за тие што се слободно) во агенција.

ВТОР ДЕН (ПЕТОК) -11.02.2022

Пристигнувањето на групата во Истанбул. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на Ескејп травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Chech in во хотелот е после 14:00ч, доколку има слободни соби се сместуват патниците,  во спротивно после 14:00ч.

По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија каде заедно водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи Капали Чаршија се наоѓа на 20 минути пеш од хотелот, а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарувањето во чаршијата.

Историската и фимска населба Балат

По слободното време во Капали Чаршија и околината каде имате многу места за кафе пауза и ручек и по сместувањето во хотелот, групата се упатува на факултативна посета на шарената филмска населба „Балат“ чии улички ги има на многу познати филмови, кои најубави фотографии се прават во ова населба. Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори.

Во склоп на факултативата се посетува железната црква, каде може да се посети гробот на Партенија Зографски и велешкиот митрополит Малетиј, се посетува „Вселенска патријаршија“, а по посетата групата има слободно време околу 2 часа за прошетка по уникатните историски улички.

Оваа стара област е исполнета со прекрасни дрвени куќи во боја и кафулиња веднаш ќе ви овозможат убави вибрации. Едно од иконите и најфотографираните места во Истанбул се куќите во улицата Киремит. Куќи насликани со пастел кои создаваат жива улична сцена. Тоа е толку тивка и релаксирачка област за престој, помеѓу локалното население, далеку од зафатениот град.

Oблакодерот Сафир

По посетата на Балат, групата продожува со автобусот во посета на еден од најдобрите облакодери во Истанбул. Облакодерот „Сафир“. Кулата Сафир е една од нашите најбарани сензации во Истанбул. Сафир е облакодер каде со сите патниви се искачуваме на највисокиот спрат од кулата, а каде има отворена стаклена тераса со 360 степени поглед. Овде имате можност да ги направите најдобрите фотографии кон европската и азиска стана на градот. Исто така ќе прошетате виртуелно преку 4D проекцијаод 15 минути низ најбитните знаменитости во Истанбул.

Плоштадот Таксим
По посетата на Сафир, денот завршува на плоштадот Таксим и познатата уличка „Истикал“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!

ТРЕТ ДЕН (САБОТА) - 12.02.202

ПОСЕТА НА ДОЛМАБАХЧЕ
Долмабахче Сарај е палата што се наоѓа во областа Бешикташ во Истанбул, на европската страна од протокот Босфор. Комплексот служел како резиденција на Отоманските султани и главен административен центар, од 1856 година, до падот на Империјата во 1922 година. Денес, Долмабахче Сарај претставува туристичка атракција од неколку причини.  Сарајот е познат уште и по тоа што таткото на модерната Турција, Мустафа Кемал Ататурк, ги поминал своите последни денови во една од одаите, каде што и починал на 10 ноември, 1938 година.

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР.
Ова е крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите и сите познати вили од играните серии ќе можете да ги погледнете одблизу.

УСКУДАР (Uskudar)
Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја. Од Ускудар има преубав поглед кон европскиот дел и секако познатата кула Девојачката Кула или Моминската кула (Kiz Kulesi) каде ќе направите фантастични фотоградии. Слободно време за ручек.

Џамијата Чамлиџа

По посетата на Ускудар, поаѓаме во џамијата Чамлиџа. Ова е една од мегаломанските ЧУДА во Истанбул која е и најнова атракција, изградена во 2019 година. Има сместивост од 63.000 луѓе и во себе вклучува музеј, ликовна галерија, библиотека, сала за собири.

Emaar Square Mall
Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат.Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.

WaterGarden
Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.

ЧЕТВРТИОТ ДЕН (НЕДЕЛА) - 13.02.2022

Појадок во хотелот, одјавување и посета на продавницата КОСКА доколку сакате да купите локум, баклава или традиционално слатко за дома. Од Коска следува време  за шопинг во Аутлет 212 во Истанубл. Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја, култура, животен стил па се до шопинг. Кој не би сакал шопинг?

Во трговскиот групата ќе има околу 2 ипол до 3 часа слободно време за шопин. По шопингот, поаѓање кон Македонија. Предвидено е пристигнување во после полноќ во Скопје.

Сместување

Хотел 3*

Сместувањето е во хотели на база на 3* со вклучен појадок. Хотелите се наоѓаат во населбата Аксарај или Лалели, која важи за една од најстарите населби кои постоеле уште во Костантинопол.

Цени

Од

10.02.2022

До

13.02.2022

Промо цена до 18.01

Цена

89 EUR

Промо Цена

79 EUR

Важно

  • Задолжителна проверка на пасошот. Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турцијa
  • MОЖНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВРЕДНОСНИТЕ ВАУЧЕРИ ЗА ОТКАЖАНИТЕ АРАНЖМАНИ
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За сингл соба се доплатуваат 25 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет
  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
  • Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
  • Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Посета на Балат, железната црква и вселенската патријаршија, облакодерот Сафир и Таксим

Цена за пакет: 35€

Ова факултатива се купува како пакет а во сеа се вклучени Балат со влез во „Железната црква“, Вселенската Патријаршија, Облакодерот Сафир со вклучена 7D проекција и плоштадот Таксим.

Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори.

Во склоп на факултативата се посетува железната црква, каде може да се посети гробот на Партенија Зографски, се посетува „Вселенска патријаршија“, а по посетата групата има слободно време околу 2 часа за прошетка по уникатните историски улички.

Оваа стара област е исполнета со прекрасни дрвени куќи во боја и кафулиња веднаш ќе ви овозможат убави вибрации. Едно од иконите и најфотографираните места во Истанбул се куќите во улицата Киремит. Куќи насликани со пастел кои создаваат жива улична сцена. Тоа е толку тивка и релаксирачка област за престој, помеѓу локалното население, далеку од зафатениот град.

По посетата на Балат, продолжуваме со автобус кон Сафир, а денот завршува на Таксим плоштадот каде може да уживаме во убавините на местото.

Пакет 2 (Екскурзиите од овој пакет не се купуваат одделно)

Цена за пакет: 50€

Крстарење по Босфор

Ова крстарење преставува уживање на каналот кој ги спојува Црното и Мраморното Море, а ги дели Европа и Азија. Поминуваме под двата моста кои ги спојуваат Европа и Азија, под мостовите Босфор и Фатих Султан Мехмет мостот. Она што е особен интересно е што ќе имаме прилика одблизу да ги видиме луксузните вили на најбогатите луѓе кои вредат милиони, а ќе видиме и некои од куќите каде се снимани познатите турски серии. Прекрсано крстарење кое ќе ви остане во сеќавање, а нашиот водич ќе ви раскаже буквално се и така ќе го доживеете Босфорот на вистински начин.

Ускудар
Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девината кула е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме  босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм. По Ускудар ја посетуваме џамијата Чамлиџа.

Ноќен Истанбул (Emmar Square Mall, Watergarden)

Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.

Пакет 3 (Екскурзиите од овој пакет не се купуваат одделно)

Цена за пакет: 85€

-Крстарење по Босфор

-Ускудар

-Чамлиџа

– Ноќен Истанбул(Emaar Square Mall & Watergarden)

– Балат

– Сафир Кула

– Посета на плоштад ТАКСИМ

Посета на палатата Долмабахче

Цена за пакет: 25€

Долмабахче Сарај е палата што се наоѓа во областа Бешикташ во Истанбул, на европската страна од протокот Босфор. Комплексот служел како резиденција на Отоманските султани и главен административен центар, од 1856 година, до падот на Империјата во 1922 година. Доколку се одлучите само за посета на Долмабахче палатата, вклучен е трансфер и влезница во палатата со локален водич. Патниците се враќат сами до хотел од причина што автобусот продолжува на целодневна екскурзија низ Истанбул и се враќа во вечерните часови во хотел.

Вип пакет

Цена за пакет: 115€

Сите екскурзии се вклучени во вип пакетот.

Аквариум

Цена за пакет: 15€

Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. Само аквариум не се зима одделно туку плус од еден од пакетите. Во ВИП пакетот аквариумот е вклучен.                                   

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања