Menu

Велигден на Остров Крф во Silver Bay Hotel 3*

цена од

199

EUR

сега од

179

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:

ETA оди скала погоре во организацијата на најдоброто и најпознато патување за велигден! Патувањето на Остров Крф за Велигден во 2024-та година ќе го доживеете за првпат поразлично од сите аранжмани кои до денеска се нудеа на пазарот!

Хотелот е во сопствен закуп на ЕТА од причина што Велигден оваа година е во месец мај, што Ви овозможува плажирање покрај море и уживање во топлото време!

Покрај сместувањето ЕТА годинава ви овозможува уште неколку бесплатни активности во програмата:

– Нашата агенција е првата која бесплатната посета на стариот град на Крф го надополнува со TREASHURE HUNTING игра каде цела група добива дизајнирани карти од стариот град каде се кријат разни скирени подароци за најбрзите!

-Дегустација на многу производи

 

Што е вклучено во цената

3 ноќевања во хотел Silver Bay на база појадок
Автобуски превоз Скопје-Игуменица-Скопје
Билет за траект Игуменица-Крф-Игуменица
Лиценциран туристички придружник
Целосна организација и координација на програмата

Што не е вклучено во цената

Факултативни посети чии цени ќе бидат истакнати дополнително
Туристичка такса која се плаќа на лице место
Индивидуални трошоци за храна, влезници и сувенири

План и програма

ПРВ ДЕН 02.05.2024 (четврток)

Собир на групата пред Хотел Русија околу 22-23 часот. За точно време на поаѓање кон остров Крф патниците ќе добијат инфо најдоцна на два дена пред поаѓање, во зависност од возниот ред на траект компаниите.

Ноќно возење со попатни паузи.

ВТОР ДЕН 03.05.2024 (петок)

Траектот е во утринските часови. Возењето со траект би бил на релација Игуменица – Крф. Пристигнување на Крф. Сместување во апартманите/хотелите. Краток одмор. Програмата започнува со посета на стариот град Крф околу попладне 17:00часот – Велики Петок е денот на Христовото страдање. Додека еден филхармониски оркестар, облечен во црвени униформи, ја свири “Adagio” од Албиниони, друг оркестар го свири “Посмртниот марш” од Шопен. Многуте присутни оркестри, свират тажни и посмртни маршеви од познати композитори на класична музика. Мали девојчиња ги украсуваат епитафите со цвеќиња, а во церемонијата учествуваат и училиштата и момчињата од извидничките одреди. Последниот Епитаф, кој е и најимпресивниот се појавува во 22.00часот.

По завршувањето на овие настани, групата се враќа во сместување, каде препорачуваме да посетите некоја од локалните таверни. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 04.05.2024 (сабота)

Овој ден е резервиран за вториот дел од Велигденската прослава, односно првата поворка наречена, првото Воскресение кое започнува во 09.00часот. Под строга заштита, се изнесуваат моштите на Св.Спиридон Чудотворец – заштитник на островот. Има повеќе легенди поврзани со овој светец кои ја објаснуваат вербата и почитта на народот кон него. Една од нив го споменува неговото влијание при повлекувањето на турската инвазија од островот. Тој се појавувал напомош на генералите кои се бореле да го ослободат островот. Облечен во темна наметка со запален факел влевал страв во умот на освојувачите наметнувајќи им опасност од натприродни сили. Во друга легенда пак, повторно се спомнува неговото херојство при бркање на опасната чума од градот, која бегајќи ги оставила своите траги на градските ѕидини. Под звуците на свечената музика составена од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат. Откако ќе заврши парадата, почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај – кршење на глинените ќупови.

Точно во 11:00 часот, црковните ѕвона го означуваат „утринското воскресение“ и од прозорците на куќите почнуваат да се фрлаат глинени садови полни со вода, во знак на почнување на празникот и истерување на злото. Ова потекнува од стар венецијански обичај со кој за дочекот на новата година се ослободувале старите работи да направат простор за нови и подобри. Друго објаснување за овој обичај е дека има паганско потекло и дека со вревата направена од кршењето, Античките Грци сакале да ја разбудат Персефона, божицата на пролетта и да го забрзаат нејзиното доаѓање. Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје до следната година. Филхармонските групи се враќаат на улиците и почнуваат да свират весела музика.

Во договорено враќање во сместување.

Во вечерните часови поаѓање кон градот Крф за проследување на последниот дел од традиционалната прослава,односно Христовото Воскресение.

На полноќ,илјадници луѓе се собираат на градските плоштади и го прославуваат Христовото Воскресение со спектакуларен огномет.

Враќање во сместување.Ноќевање

ЧЕТВРТИ ДЕН 05.06.2024 (недела)

Овој ден е предвиден за прошетка низ Крф. Ги посетуваме Палеокастрица, фабриката Василакис, Kaнони и палатата Мон Репос.

Еден од најубавите предели на островот Крф. Палеокастрица нуди две прекрасни плажи со тиркизно море. Едната е песочна плажа, а другата е карпеста. Помеѓу двете плажи се наоѓа манастирот Пресвета Богородица, коj е стациониран на брдо кое како видиковец ви нуди прекрасен поглед кон отвореното Јонско Море. Нашите сместувања се наоѓаат на источниот брег на осторвот, а Палеокастрица е на западниот брег. Самото патување до Палекастрица е приказна, бидејќи ќе ја имате можноста да се запознаете со прекрасната вегетација на островот.

Покрај Палеокастрица, ќе ја посетиме и фабриката за производство на разни специјалитети од Кумкват. За повеќето од вас Кумкват е нешто сосема ново што го слушате за првпат, но треба да имате предвид дека ова е растение кое расте исклучиво на осторовт Крф. Доста скапо овошје, кое мештаните го третираат како природното злато. Денеска на островот Крф се наоѓа фабрика за производство на ликери од Кумкват, а покрај ликерите се произведуваат и разни благи закуски. Ние со посетата ќе имаме можност да дегустираме разни специјалитети и ликери.

Потоа се упатуваме кон Канони-едно од најубавите места на островот поради незаборавниот поглед што им го нуди на посетителите. Доколку пребарувате на Google фотографии од островот Крф, со сигурност оваа локалција ќе ви го привлече вниманието. За време на посетата на Канони, ќе имаме можност да го посетиме Светиот манастир Панагија Влачерна, а исто така ќе имаме можност да пиеме кафе со панорамски поглед кон морската ширина.

Последното попатно застанување со автобусоте паркот на принцот Филип-Мон Репос.

Турата не би била комплетна ако како попатна дестинација не го вклучиме паркот на „Принцот Филип“, таткото на сегашниот крал на Велика Британија- Кралот Чарлс. За време на посетата на паркот ќе направиме обиколка на неколку локации, меѓу кои и куќата во која тој доаѓал често на летување.

Турата е целодневна и се реализира со автобуски превоз. За време на турата имате наш претставник кој ќе ви сподели информации за самите локации.

Враќање во сместување.
Ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН 06.06.2024 (понеделник)

Напуштање на собите во Ипсос до 10:00ч. Пред да си заминеме кон Македонија патниците имаат слободно време.

Во попладневните часови  го започнуваме патот со траект кон Игуменица од каде продолжуваме со возење кон Скопје.

Очекувано пристигнување во Скопје во раните утрински часови по полноќ.

Сместување

Silver Bay Hotel

Хотелот нуди сместувачки капацитети за 2 и лица, односно двокреветни и трокверетни соби. Двокреветните соби се опремени со брачен кревет, тоалет, мини фрижидерче,ТВ, клима и фен за коса. Трокреветните соби имаат еден брачен кревет и еден единечен, тоалет, мини фрижидерче,ТВ, клима и фен за коса.

Хотелот има сопствен базен, којшто патниците можат да го користат беспалтно. Во склоп на хотелот има и бар.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Посета на Палеокастрица, Канони, Mon Repos, фабрика за локални органски производи

Цена за пакет: 40e

Да појдете на островот Крф, а да не го посетите Канони, е налик на да појдете за првпат во Истанбул, а да не ги посетите Аја Софија или Капали Чаршија.

Канони има име кое потекнува од стариот топ што се наоѓа на врвот на ридот. Овој рид е полн со бујно зеленило и има многу луксузни хотели и локални вили. На неколку чекори надолу по ридот од Канони ќе наидете на малата црква Panagia Vlacherna. Тесен 300 метарски пешачки премин го поврзува островот со црквата. Конструирана во 17ти век, оваа прекрасна капела внатре крие импресивни резбани иконостаси од дрво и прекрасни фрески. Рибарски бротчиња заминуваат често од црквата и одат до легендарниот остров на Глувчињата, кој се наоѓа на само 5 минути возење со брод.

Палеокастрица нуди две прекрасни плажи со тиркизно море. Едната е песочна плажа, а другата е карпеста. Помеѓу двете плажи се наоѓа манастирот Пресвета Богородица, коj е стациониран на брдо кое како видиковец ви нуди прекрасен поглед кон отвореното Јонско Море. Самото патување до Палекастрица е приказна, бидејќи ќе ја имате можноста да се запознаете со прекрасната вегетација на островот.

Покрај Палеокастрица, ќе ја посетиме и фабриката за производство на разни специјалитети од Кумкват. За повеќето од вас Кумкват е нешто сосема ново што го слушате за првпат, но треба да имате предвид дека ова е растение кое расте исклучиво на осторовт Крф. Доста скапо овошје, кое мештаните го третираат како природното злато. Денеска на островот Крф се наоѓа фабрика за производство на ликери од Кумкват, а покрај ликерите се произведуваат и разни благи закуски. Ние со посетата ќе имаме можност да дегустираме разни специјалитети и ликери.

Турата не би била комплетна ако како попатна дестинација не го вклучиме паркот на „Принцот Филип“, таткото на сегашниот крал на Велика Британија- Кралот Чарлс. За време на посетата на паркот ќе направиме обиколка на неколку локации, меѓу кои и куќата во која тој доаѓал често на летување.

 

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања